
Полскиот селектор Јержи Бржечек не го криеше задоволството по новиот триумф на својата репрезентација, овојпат над Македонија со 0-1, со што Полјаците по три одиграни кола имаат максимални девет бода, чекорејќи сигурно кон виза за ЕВРО 2020.
„Три победи по првите три кола, ако некој праша дали сме среќни, одговорот е дека сме добиле џек-пот. Верувајте, Македонија беше силен ривал на овој натпревар, верувам дека на сите им е јасно дека не е нималку лесно да се триумфира во Скопје. По традиција играме многу послабо во првото полувреме, затоа и го внесов Пјонтек, но имавме многу среќа тој веднаш да постигне погодок. Свесен сум, не игравме како што знаеме, но најважно е што победивме“ – изјави полскиот кормилар на прес-конференцијата по натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија
