Connect with us

Бруно Фернандеш објасни како Тен Хаг го „средил“ Роналдо

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, откри дека менаџерот на неговиот тим, Ерик Тен Хаг, е многу суров доколку играчите не ги почитуваат неговите замисли.

Не помина многу време од доаѓањето на Ерик тен Хаг на клупата и Холанѓанецот успеа да воспостави хиерархија, да создаде резултати и средина која беше сосема поинаква во однос на претходната сезона.

Тој успеа да се справи и со првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, покажувајќи му ја излезната врата, што не е нешто што му се случило на Португалецот во текот на неговата кариера.

Тен Хаг го оживеа Маркус Рашфорд, кој моментално е меѓу најдобрите светски напаѓачи, а ја оживеа и кариерата на Џејдон Санчо.

Од најблизок агол, Бруно Фернандеш тоа го објасни во неколку реченици во интервју за „БТ спорт“.

„Забележав за време на подготовките дека тој има свои барања. Тој бара, и ако вие не го правите тоа – вие сте надвор. Или го правите тоа – или не. Ако големите играчи не сакаат да бидат дел од тоа, тој ќе донесе одлука. Го направи тоа со Кристијано, со Џејден, со Маркус. Да речеме, Маркус беше нашиот најдобар играч против Волвс. Тој направи нешто лошо, а менаџерот веднаш го повлече од игра. Сите тогаш си помислија – вауу. Беше многу чудно и за мене на почетокот, но кога ќе размислиш, мора да е така. Во спротивно, помладите играчи ќе мислат: „Ако не му направил ништо, нема да ми направи ниту мене“. Мора да бидете константен на теренот и надвор од него, тоа е она што тој го бара“, откри Бруно Фернандеш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови