 
																												
														
														
													Новиот прволигаш Брегалница почна со активностите за следната сезона. Прво фокусот е ставен на сопствените млади фудбалери кои добиваат максимална поддршка. Брегалница потпиша прв професионален договор со еден од најголемите таленти Матеј Георгиев.
17-годишниот Георгиев, кој е и досегашен капитен на македонската репрезентација за фудбалери до 16 години, по одличните игри го добива и првиот професионален договор во синиот дрес.
.jpg)
„Сините“ го продолжуваат официјално договорот и со уште еден млад фудбалер, 19-годишниот Анџело Николовски.

„Покрај амбициозноста и резултатскиот императив кој го носи тим како Брегалница, ние паралелно со тоа продолжуваме и со нашиот проект за склучување долгорочни договори со младите фудбалери. Инвестицијата во младите категории секако е една од основните определби на Брегалница и за иднина“ – истакна по потпишувањето на новите договори спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														