Фудбалската репрезентација на Бразил се врати на победите откако убедливо го совлада Уругвај со 4-1 во квалификациите за СП 2022. „Кариоките“ се првопласирани на табелата и сигурни патници во Катар. Рафиња беше двоен стрелец за Бразилците, а по еден гол постигнаа Нејмар и Габриел Барбоса. Единствениот гол за Уругвај го постигна Луис Суарез.
Аргентина заостанува шест бода зад Бразил, а синоќа минимално со 1:0 славеше над Перу. Единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинез пред истекот на првото полувреме.
Чиле славеше над Венецуела со 3-0, Боливија беше убедлива (4-0) против Парагвај, а Колумбија и Еквадор одиграа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













