
Бразил обезбеди тешка, но многу вредна победа од 1-0 над Швајцарија во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Катар. Покрај тоа што со овој успех „кариоките“ практично си гарантираа продолжување во осминафиналето, со него избраниците на Тите поставија и нов рекорд.
Тимот е во серија од 17 натпревари без пораз во групната фаза на светските првенства.
Последниот пораз на Бразил во натпревар од оваа фаза на Мундијалот беше во далечната 1998 година на шампионатот во Франција, кога „кариоките“ загубија од Норвешка со 1-2.
„Селесао“ може да го подобри тој подвиг бидејќи имаат уште еден натпревар од групата Г во Катар против Камерун.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
