Connect with us

Бразил остана перфектен, реми за Аргентина (ВИДЕО)

Бразил остана перфектен и стигна до деветта победа во мундијалските квалификации откако ја совлада Венецуела на гости со 1-3. Венецуела изненади на стартот со голот на Ерик Рамирез, но Маркињос израмни во 71. минута, а Габриел Барбоса се погрижи за пресврт погодувајќи од пенал. Ентони во судиското продолжение го постави конечниот резултат.


Аргентина остана на второто место со ремито без голови кај Парагвај, додека Еквадор триумфираше (3-0). Перу го совлада Чиле со 2-0, а меч без голови одиграа Уругвај и Колумбија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови