Тренерот на Калјари, Клаудио Раниери, ќе се повлече од функцијата, соопштија од клубот. 72-годишниот стратег ќе стави крај на кариерата која траеше цели 38 години.
Раниери ја исполни својата задача да обезбеди опстанок за Калјари во Серија А. Во претпоследното коло од сезоната, тимот од Сардинија го совлада директниот конкурент Сасуоло и си гарантираше место во елитата на италијанскиот фудбал и во следната сезона.
Клаудио Раниери одлучи да се повлече од светот на фудбалот. Тој имаше договор со Калјари на уште една година, но двете страни се договорија за негов предвремен раскин.
Тоа беше втор период на Раниери на чело на неговиот сакан клуб. И во неговиот прв ангажман помеѓу 1988 и 1991 година и сега, тој успеа да освои промоција во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













