Потрагата на Баерн по нов тренер ги одведе челниците на баварскиот гигант во Италија.
Како што пренесуваат германските медиуми, Баварците го стесниле списокот со кандидати за тренер, а името на Антонио Конте се наметнало како „најатрактивно“.
Конте е без работа откако го напушти Тотенхем во пролетта 2023 година, а сега има желба да се врати на тренерската работа.
Според пишувањата на медиумите од Апенините, тој едвај чека да започне нов проект, но само ако е амбициозен. Се зборува дека Конте ќе избере клуб во кој целите се јасни уште од првиот ден, каде веднаш ќе може да се бори за трофеи.
Токму затоа Конте скокна на самиот врв на листата на кандидати за клупата на Баерн. Во опција е и Винсен Компани, кој оваа сезона со Барнли испадна од Премиер – лигата.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













