Освен во зоната на УЕФА, во последното деноноќие се одиграа и неколку натпревари во Јужна Америка од квалификациите за Мундијал 2026 во САД, Канада и Мексико.
Најголемо внимание привлече натпреварот на актуелниот светски шампион Аргентина, која славеше со 3-0 против Венецуела. „Гаучосите“ веќе го имаа обезбедено првото место во зоната КОНМЕБОЛ, а мечот беше во центарот на вниманието поради присуството на Лионел Меси, кој за последен пат одигра официјален натпревар со националниот дрес на домашно тло.
Поразот на Венецуела ѝ даде шанса на Боливија да се искачи на седмото место, но тоа не се оствари бидејќи тимот загуби со 0-3 на гостувањето кај Колумбија.
Бразил исто така запиша убедлива победа со 3-0, совладувајќи го Чиле, кој со тоа дефинитивно ги загуби шансите за пласман на Светското првенство.
Перу по поразот од Уругвај (0-3) ги загуби и последните теоретски шанси за настап на Мундијалот. За Уругвајците, пак, триумфот значеше обезбедено место меѓу патниците за САД, Канада и Мексико.
Единствениот дуел без победник беше меѓу Парагвај и Еквадор (0-0). Сепак, освоениот бод беше доволен за Парагвај да си обезбеди место меѓу најдобрите кои ќе играат на мундијалската завршница во Северна Америка следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













