
Манчестер Јунајтед официјално го објави ангажманот на Брајан Мбеумо, со што конечно заврши долготрајната трансфер сага која траеше повеќе од два месеци.
Клубот од „Олд Трафорд“ се договори со Брентфорд за трансфер вреден 65 милиони фунти веднаш, додека дополнителни 6 милиони фунти ќе бидат исплатени преку бонуси. Вкупната вредност на договорот достигнува до 71 милион фунти, односно околу 82 милиони евра.
Мбеумо уште од почетокот јасно стави до знаење дека сака да премине токму во Манчестер Јунајтед.
The wait is over. pic.twitter.com/hPQhyobOrB
— Manchester United (@ManUtd) July 21, 2025
„Откако се појави можноста да преминам во Манчестер Јунајтед, не размислував за ниту еден друг клуб. Овој клуб ми беше сон уште од дете и секогаш сонував да го носам овој дрес“, рече новото засилување на Јунајтед.
Менаџерот Рубен Аморим веќе одамна донесе одлука да не се потпира на Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Алехандро Гарначо, па токму затоа трансферите на Мбеумо и Матеус Куња претставуваат клучен дел од неговите планови за новата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Брајан Мбеумо официјално меѓу „црвените ѓаволи“

Евро-фудбал
Марко Арнаутовиќ потпиша за Црвена Звезда

Евро-фудбал
Алваро Мората е ново напаѓачко оружје на Комо

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
