
Kрилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, нема да го напушти клубот во скоро време. Евентуалната зделка меѓу „жолто-црните“ и Јувентус, кој е заинтересиран за Германецот, е тешко остварлива во овој момент.
„Бјанконерите“ сè уште немаат поднесено официјална понуда за Адејеми, а разговори се воделе само со претставниците на фудбалерот.
Борусија Дортмунд инсистира Адејеми да остане на „Сигнал Идуна Парк“ и го гледаат тоа како најверојатната опција за играчот.
22-годишниот Адејеми минатата сезона одигра вкупно 34 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет гола и асистираше двапати.
Неговиот договор со Борусија Дортмунд трае до летото 2027 година, а неговата вредност е проценета на 28 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
