Холандскиот интернационалец Дони ван де Бек повторно е пред одлука да замине од „Олд Трафорд“. Тој никако не добива шанса да стане првотимец во составот на „црвените ѓаволи“ и смета дека тоа влијае негативно на неговата кариера.
Дони ван де Бeк е под договор со Јунајтед до летото 2025 година, но оваа сезона одигра само седум првенствени натпревари со просечни помалку од десет минути.
Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд е заинтересиран да го доведе Ван де Бек во Германија и да му даде шанса за ревитализација на кариерата. Но, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, сака Холанѓанецот да остане во клубот. Конечната одлука сепак треба да ја донесе самиот фудбалер, за кој е заинтересиран и Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













