Нема да се даваат субвенции на екипите од Третата македонска фудбалска лига, а субвенции нема да добиваат и екипите од кој било друг спорт, истакна денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, кој изврши увид во градежните работи на затворениот базен во Штип. Според него субвенционирањето на екипи во Tретата лига не е исплатливо, ниту пак е подобрен квалитетот.
„Мислам дека треба наместо тој квантитет од три лиги да се сконцентрира во Прва и Втора и да се направи една стратегија. Ние имавме во текот на вчерашниот ден иницијален состанок со претседателот на ФФМ и направивиме начелно некои договори како ќе изгледа субвенционирањето во фудбалот конректно, што е уште поважно ние веќе имаме еден таков стратегиски договор со одбојкарската федерација на Македонија, во наредниот период ќе имаме и со ракометната и со кошаркарската, со фудбалската веќе го остваривме“, изјави Ристовски.
Министерот за спорт, Ристовски вели дека работите треба да се променат во спортот, а во тек е истрага и проновера на спортските пари.
„Некои работи мора да се променат и во начин на функционирање и начинот на функционирање на субјектите кои што ги добиваат тие средства, затоа што има многу голем број на проневери сето тоа се изражува, досега имаме откриено барем десетина малверзации“, вели Ристовски.
Тој истакна дека истрагата е во тек, а кога ќе заврши ќе бидат откриени и сите детали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













