Пред стартот на зимските подготовки за пролетниот дел од првенството во Првата лига, Борец Велес се раздели со дури седум досегашни стандардни првотимци. Велашани ги очекува сериозен ремонт на тимот за вториот дел од шампионатот.
Од обврските по крајот на есенскиот дел се ослободени дефанзивецот Филип Ристовски, офанзивците Симеон Христов, Филип Петров и Владимир Жоглев, како и српските интернациналци Ѓорѓе Ивљанин и Јован Велев, и Стефан Богдановски кој пристигна од словачкиот шампионат.
Единствено ново име во составот од Велес досега е поранешниот напаѓач на Скопје, Дарио Десниќ. Наскоро се очекуваат уште неколку засилувања на тимот.
Стартот на подготовките за пролетната полусезона е закажан на 8. јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора













