Во последниот ден од преодниот рок во Хрватска, Динамо Загреб го официјализира трансферот на Исмаел Бенасер од Милан. Алжирскиот репрезентативец пристигна во главниот град на Хрватска на едногодишна позајмица, со клаузула за целосен откуп на крајот од сезоната.
Фудбалерот од средниот ред, кој има 27 години, веќе допатува во Загреб, каде што ќе ги изврши задолжителните лекарски прегледи пред да стави потпис на договорот.
Веста ја потврди и самиот клуб:
„Со големо задоволство објавуваме дека алжирскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, станува дел од Динамо“, стои во соопштението на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













