
Болоња, најпријатното изненадување во актуелната сезона во Серија А, еден месец ќе мора да остане без својот најдобар играч, 22-годишниот Џошуа Циркзе. Холандскиот фудбалер се повреди на последниот меч со Интер и нема да може да му помогне на својот клуб во клучната фаза од сезоната кога Болоња се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Моментно Болоња е на четвртото место во рангирањето кое носи настап во Лигата на шампионите.
Има три бода повеќе од Рома на петтото место и четири повеќе од Аталанта која е на шестото место. Циркзе претходно во кариерата го носеше дресот на Баерн, а играше како позајмен во Парма и во Андерлехт.
Во Болоња е од 2022 година, а досега има десет првенствени голови. Убедливо прв е напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој постигна 23 гола.
Италијанските медиуми претходно пишуваа дека постои голем интерес за Циркзе. Наводно го посакуваат Милан, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
