Connect with us

Бојан Димоски го засили Партизан

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски ја продолжува кариерата во српскиот гигант Партизан, кој денес официјално го претстави како ново засилување.

23-годишниот лев бек пристигнува во Белград на позајмица од рускиот Акрон Тољати до крајот на сезоната, со можност за откуп на договорот за 200.000 евра. Димоски успешно ги мина медицинските прегледи и го стави потписот на договорот со Партизан, каде ќе има шанса да се наметне и да остане во клубот на подолг период.

Својата фудбалска кариера ја започна во младинските категории на Тетекс и Вардар, а во 2020 година премина во Академија Пандев (сега Брера), каде што брзо се наметна како стандарден првотимец во ПМФЛ.

За македонската репрезентација дебитираше во јуни 2022 година и досега има забележано 18 настапи во националниот дрес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови