
Баерн Минхен без Мануел Нојер очигледно не е така сигурен во одбраната. Тоа го искористи Бохум и му го нанесе четвртиот пораз на баварскиот клуб оваа сезона во Бундес-лигата, славејќи со 4-2.
Левандовски во деветтата минута го доведе Баерн во водство, а потоа неверојатен пресврт. Бохум постигна четири гола до крајот на првото полувреме. Анти-Аџеи израмни на 1-1, Локадија од пенал се погрижи за пресврт, а во серија стрелаа и Гамбоа и Холтман.
Левандовски во 75.минута постигна и втор гол, но само за малку да го ублажи поразот.
Борусија Менхенгладбах го победи Аугсбург со 3-2, а Волфсбург славеше на гости против Ајнтрахт со 0-2. Макс Крусе од пенал и Лукебакио беа стрелци за гостите на овој меч.
Гројтер Фурт ја совлада Херта со 2-1, а Фрајбург и Мајнц ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
