
Македонската фудбалска репрезентација на 10. октомври против Словенија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕП 2020. По триумфот над Летонија и освоениот бод на гостински терен против Израел, македонската репрезентација на националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со еден од главните конкуренти за првите две позиции во нашата квалификациска група.
Фудбалската федерација на Македонија како начин за максимално исполнување на арената се одлучи за исклучително ниски цени за квалификацискиот натпревар против Словенците. Цените на билетите се движи од 50 до 200 денари. Билет од 50 денари ќе се продава за Западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат билетите на Јужна и Северна трибина од националната арена „Тодор Проески“.
„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020“ – порачуваат од ФФМ.
Билетите во продажба ќе бидат пуштени од понеделник, 23. септември, а ќе можат да се купат преку продажната мрежа на MKTickets. Билети ќе можат да се купат и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“, но за стартот на продажбата на овие места ќе следи дополнителна информација од ФФМ.
Квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2020 меѓу Македонија и Словенија се игра на 10. октомври со почеток од 20:45 часот во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
