
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов ќе биде единствениот наш претставник во елитното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Тој од оваа сезона е член на Шериф Тираспол кој сензационално се пласира во групите од Лигата на шампионите и ќе игра со Реал Мадрид, Интер и со Шахтјор Доњецк.
Првиот меч Шериф ќе го игра утре на домашен терен против Шахтјор.
„Ова е голем чекор напред за мене. Ќе играме во елитното европско натпреварување, во Лигата на шампионите. Тоа дефинитивно беше една од причините поради која пристигнав овде. Бев во Италија, тоа беше многу добар период, а научив многу таму. Сега сум тука и среќен сум што сум дел од Шериф Тираспол. Верував во момците дека ќе можат да влезат во групната фаза. Сега знам дека можеме да одиграме добро на ова ниво и мислам дека нема да разочараме. Против Динамо Загреб видов тим кој доминираше 90 минути. Се надевам дека ќе можам и јас да помогнам на дуелите во Лигата на шампионите. Знам дека има голема конкуренција, но јас сум подготвен“, изјави Бобан Николов за клупскиот сајт на Шериф Тираспол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
