Connect with us

Блес Матуиди ја заврши кариерата

Францускиот фудбалер за врска, Блес Матуиди, објави дека става крај на својата фудбалска кариера. Тоа го направи преку објава на социјалните мрежи.


„Фудбалу, многу те сакав. Фудбалу, ми даде толку многу, но време е да се откажам. Ги исполнив и моите детски соништа и оние како маж. Со стегнато грло, но и со гордост денеска ја вртам оваа страница“, напиша Матуиди на својата фотографија од Светското првенство што го освои со Франција во 2018 година.


35-годишниот играч од средниот ред последен пат играше за американскиот Интер Мајами, а во кариерата настапуваше и за Троа, Сент Етјен, Пари Сен Жермен и Јувентус.


За репрезентацијата на Франција има 84 настапи со девет гола. На клупско ниво, Матуиди одигра 699 ​​натпревари, на кои забележа 50 гола и 44 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови