Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12. ноември против Израел и на 17. ноември против Црна Гора (тренинг центар „Петар Милошевски“) ќе ги одигра двата последни натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2021. Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски за двете важни пресметки ќе смета на следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);
ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Славија Софија, Бугарија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Бојан ИЛИЕВСКИ (Пелистер), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Оливер СТОЈМЕНОВСКИ (Борец);
СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Сплит), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија);
НАПАД: Бојан МИОВСКИ (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелистер), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Марко ЃОРЃИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Академија Пандев);
Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22. Црна Гора е петта со седум освоени бодови, зад Казахстан со 10. Последен е Фарски Острови со шест бодови.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski