
Освојувањето на Светското првенство е врв на фудбалската кариера. За време на церемонијата секој фудбалер сака да биде со своите најблиски. И додека повеќето Аргентинци ги славеа освоените медали со своите сопруги и деца, тоа не беше случај со Родриго де Пол.
Тој веќе некое време е во љубовен триаголник, а на крајот ниту неговата сегашна партнерка, ниту неговата поранешна девојка не биле во Катар.
Врската меѓу Де Пол и неговата поранешна девојка Камила Хомс е толку затегната што бившата партнерка не им дозволила на нивните деца Франческа и Баутиста да отпатуваат на доделувањето на медалите.
Фудбалерот на Атлетико побарал таа да ги пушти децата да патуваат во Катар, но во придружба на дадилка. Мајката одбила затоа што за неа сè било понижувачко.
Преку адвокатот и било соопштено дека може да патува на финалето, под услов два дена да помине во хотел и да нема право да доаѓа на стадионот.
Camila Homs apareció para mandarle un saludito a De Paul pic.twitter.com/dVqlPrF4yC
— ⭐⭐⭐ (@_leilape) December 21, 2022
Токму поради оваа причина Камила на социјалните мрежи објави дека нема што да каже и покажа „среден прст“ што јасно се однесува на новиот светски шампион.
Неговата сегашна девојка исто така не била во Катар. Пејачката Мартина Тини Стесел имаше работни обврски, па не можеше да присуствува на најважниот настан во кариерата на својот партнер. Срдечната прегратка дојде дури по враќањето на играчот од средниот ред во Аргентина.
И додека сите други Аргентинци славеа со семејствата и децата, Де Пол на крајот најде утеха во друштвото на својот брат и неговата нова девојка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
