
Шкендија е шампион, се опушти (не)намерно во минатото коло против Струга Трим Лум во Гостивар, па сега треба да гостува во Ѓорче Петров против третопласираниот тим на Македонија ЃП. „Лавовите“ подготвуваат пекол за шампионот затоа што веројатно Шкендија го крои излезот на европска сцена. Ова е клучниот натпревар за фудбалерите на Александар Таневски за да ја сочуваат предноста од еден бод во трката со Струга Трим Лум, со оглед дека во последното коло играат со неконкурентниот Вардар.
А токму Струга Трим Лум во ова коло има релативно полесна задача, затоа што го пречекува тимот на Вардар, кого само чудо може да го спаси од испаѓање. Веројатно, ниту тоа…
„Зад нас е добра серија резултати, задоволни сме што направивме на последните 5-6 натпревари, освоивме многу бодови и сè уште сме во трка за третото место. Сепак, мора да победиме и денеска, не очекува тежок натпревар иако Вардар не е во добра форма, но тие натпревари се најтешки. Се надевам дека ќе победиме“, изјави Немања Босанчиќ, фудбалерот за врска на Струга Трим Лум.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува Силекс, Академија Пандев има струмичка пресметка против Беласица, а пеколно ќе биде и во Велес каде директен дуел за бегство од баражот имаат Борец и Ренова. Шкупи ќе го пречека составот на Пелистер.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
