Connect with us

Билетите за мечот Македонија – Велс по цена од 300, 400 и 900 денари

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница на Управниот одбор ги одреди цените за натпреварот Македонија – Велс од квалификациите за СП 2026. Цената на билет за првиот домашен натпревар од мундијалските квалификации изнесува 300 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). 900 денари е билет за прва категорија (северна трибина, блок 15).

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на финансиски средства од УЕФА Лига на шампиони – солидарна шема за 2023/24 за женските екипи од Прва МФЛ.

Екипите од Прва ЖМФЛ од натпреварувачката сезона 2023/24 ќе добијат вкупно 90.000 илјади евра. Распределбата ќе биде рамномерна за сите девет екипи од ланската натпреварувачка сезона.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука влезот за натпреварот меѓу женските репрезентации на Македонија и Косово (21. март, Т.Ц. „Петар Милошевски“) да биде бесплатен.

Исто така, влезница нема да се наплаќа за натпреварите на женската репрезентација до 19 години за натпреварите против Босна и Херцеговина (23. и 25. март)

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за набавка на машини и механизација за одржување на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за зголемување на таксите за координаторите по региони во ФФМ Детска лига.

Таксата за координаторите во регионите од Детска Лига се зголемува за речиси 30 проценти. Зголемувањето, исто така, се однесува и за судиите во Детска лига, односно судиската такса се зголемува за близу 30 проценти.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за зголемување на делегатските такси во Прва и Втора МФЛ. Таксата за делегати во Прва и Втора МФЛ се зголемува за 30 проценти.

Врз основа на добиено барење за членство во Фудбалската федерација на Македонија од страна на Здружение на судии и приложена документација (од 2012 година, Здружението на судии нема одржано Собрание), Управниот одбор на ФФМ одлучи да го упати Здружението на судии да свикаат Собрание во текот на оваа година согласно нивниот Статут и да изберат органи согласно Статутот. По направен упис во Централен регистар да приложат документација врз основа на која Управниот одбор на ФФМ ќе може да предложи Здружението на судии да стане членка на ФФМ на Собрание во 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови