
Џејдон Санчо (23) во зимскиот преоден рок го напушти Манчестер Јунајтед и замина на позајмица во Борусија Дортмунд, а, според „Билд“, не сака да се врати во англискиот гигант на крајот од актуелната сезона. Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, во септември го прозва Санчо по поразот од Арсенал, велејќи дека не тренирал добро пред натпреварот.
На Санчо тоа не му се допадна, па тој одговори:
„Ве молам, не верувајте во сѐ што ќе прочитате. Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи кои се целосно невистинити. Работев многу добро на тренинзите оваа недела, а верувам дека има и други причини за одлуката на тренерот, кои не ги сакам беше жртвено јагне, што не е фер!“
Санчо беше исфрлен од тимот и оттогаш нема играно за Јунајтед, а зимата дојде во Дортмунд. Тоа беше камбек на англискиот крилен напаѓач кој играше во Борусија Дортмунд во периодот од 2017 до 2021 година, а потоа го продаде на Јунајтед за 85 милиони евра.
Санчо оваа сезона забележа само три настапи за Јунајтед и тоа по околу 30 минути, додека за клубот од Дортмунд одигра девет натпревари и постигна еден гол со две асистенции. Со оглед на тоа што Борусија нема право да го откупи неговиот договор во јуни, тој би морал да се врати во Јунајтед.
Сепак, „Билд“ тврди дека Санчо не го сака тоа и би сакал да најде друга опција на лето. Тој, наводно, го обвинува Тен Хаг за тоа што неговата кариера што оди надолу.
Од друга страна, ниту Тен Хаг не го сака во тимот, но проблем е што договорот на Санчо со Јунајтед е со важност до летото 2026 година, а неговата неделна плата е речиси 300.000 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
