Ренова и Силекс во битка за шест бода. Борба со директен противник за опстанок во лигата. Кратовци имаат само бод повеќе, но денеска (13 часот) ќе гостуваат на Градскиот стадион во Тетово. Имаа можност да освојат важни бодови во Битола, но не успеаја иако имаа водство и од 0-2. Фудбалерите на тренер Горан Симов остварија пласман во финалето на Купот, но сега ги очекува беспоштедна битка за опстанок во елитата.
Ренова ремизираше (1-1) против Вардар во Скопје, исто така директен ривал во борбата за опстанок, а сега ќе сака да оствари триумф против Силекс. Тимот на Ќатип Османи сака да ја повтори играта од дуелот против Шкупи во Скопје, кога оствари изненадувачки триумф. Победа во ваков дуел велат носи шест бода. Три како награда за триумфот и уште три што нема да ги освои директниот противник.
Силекс го „начека“ Вардар во Кратово и го декласира со 6-0, но потоа загуби од Пелистер во Битола. Секој бод до крајот на првенството ќе биде важен за двете екипи и затоа оваа пресметка има исклучително значење и за Ренова и за Силекс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski