Македонскиот прволигаш Шкупи назначи нов тренер. Тоа е турскиот стратег Алпарслан Ердем.
За време на својата кариера како фудбалер, тој има играно за Вердер Бремен, Галатасарај, Генчлербирлиги, Истанбул Башакшехир и Фатих Карагумрук.
Во тренерска кариера, беше помошник на Франческо Фариоли во Фатих Карагумрук за сезоната 2021/22, како и помошник на Андреа Пирло за време на сезоната 2022/23 во Караѓумрук, а потоа го презеде кормилото како главен тренер во 2023 година. Неговото искуство со тренери од висока класа како Пирло и Фариоли ги збогати неговите менаџерски вештини, подготвувајќи го за новите предизвици во Шкупи.
Алпарслан Ердем потпиша двегодишен договор со Шкупи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski