Долгогодишниот играч за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва, би можел на крајот од оваа сезона да го напушти „Етихад“ и кариерата да ја продолжи во Саудиската професионална лига.
Договорот на Португалецот истекува идното лето и засега нема сигнали за продолжување на соработката со „граѓаните“. Тоа го отвора патот за негов заминување како слободен играч, а медиумите тврдат дека во изминатите две години тој веќе имал контакти со посредници од Блискиот Исток.
Уште во 2023 година, Ал-Хилал му понуди неверојатна плата од 500.000 фунти неделно, но Силва тогаш одлучи да остане и да го продолжи договорот со Сити. Минатото лето интересот повторно беше активен, но со оглед на Светското првенство 2026, играчот избра уште една година да игра под водство на Пеп Гвардиола.
Сега, сепак, трансфер во Саудиска Арабија изгледа како многу реална опција. Лигата активно се стреми да донесе повеќе португалски ѕвезди, продолжувајќи го ефектот што го создаде Кристијано Роналдо со неговиот потег во Ал-Наср.
За Силва веќе се интересираат Ал-Ахли, каде што би можел да се обедини со поранешниот соиграч Ријад Махрез, како и Ал-Кадисија, каде што настапуваат неговиот сонародник Отавио и поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Начо.
Бернардо Силва пристигна во Сити во 2017 година и досега има одиграно 414 натпревари со 72 голови и 74 асистенции, при што освои 17 трофеи – меѓу нив шест титули во Премиер-лигата и една во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













