Белгија лесно го совлада аутсајдерот Лихтенштајн со убедливи 0-6 и ја запиша втората победа во квалификациите за Светското првенство. Иако домаќинот во Вадуц добро одолеваше во првиот дел и прими само еден гол, на крајот доживеа очекувано тежок пораз.
Максим Де Кујпер во 29. минута го отвори резултатот за 0-1, што остана активен до паузата. Веднаш по стартот на второто полувреме погоди Јури Тилеманс, а потоа Теат и Де Бруин со два брзи гола зголемија на 0-4 до 62. минута. Тилеманс повторно беше прецизен, овојпат од пенал, додека во судиското продолжение Фофана ги постави конечните 0-6.
По овој циклус, на табелата лидер е Велс со 10 бода по победата над Казахстан, Македонија има осум, а Белгија се приближи со седум бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













