 
																												
														
														
													Белгискиот интернационалец од Наполи, Кевин Де Бруин, би можел да го пропушти и Светското првенство 2026 во САД и Канада поради скинат мускул. Оваа информација доаѓа по неодамнешната вест дека Белгиецот успешно ја помина операцијата во својата татковина и веќе е на рехабилитација.
Според првичните информации од „Газета дело Спорт“, Де Бруин требаше да биде отсутен најмалку до февруари 2026 година, што сепак е само на почетокот од пролетниот дел од шампионатот.
Ова би било и најсоодветното време за фудбалерот да се врати на теренот, бидејќи ќе има цели четири месеци за да ја врати натпреварувачката форма пред почетокот на Светското фудбалско финале во Северна Америка. Но, доколку рехабилитацијата не оди според планот, загрозено е и учеството на Кевин де Бруин на Мундијалот.
По шест кола од квалификацискиот циклус во групата во која се наоѓа и Македонија, белгиската репрезентација има 14 поени и е на првото место.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														