
Македонскиот второлигаш Беласица се раздели со тренерот Благој Гуцев по поразот од Слога Виница (2-3). Струмичкиот тим ќе побара ново решение за тренерската позиција за финишот на сезоната во Втората лига.
„Беласица е име со тежина, име што само по себе носи одговорност. Кога губи Беласица губи Струмица, губиме сите. И покрај успешниот период поминат во клубот, издигнување на клубот од долниот дел на табелата, надигрување со најдобрите во лигата и пред се презентација на млади струмички фудбалери во првиот тим го затворам овој период како успешен.
Клубот е на прав пат, клубот со сопствени играчи ќе се врати кај што му е местото. Благодарност до сите во клубот за ова неописливо задоволство. Од денеска не сум повеќе тренер на клубот за кој душата сум ја оставал и на теренот и надвор од него. Покажете љубов кон клубот со дело“, објави Гуцев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
