
Селекцијата на Велс го победи Казахстан со 3-1 на стартот од квалификацискиот циклус за СП 2026, а утре ќе допатува во Скопје пред дуелот со Македонија во вторник во Скопје.
Селекторот Крег Белами истакна дека неговиот тим одиграл добар меч против Казахстан, но дека го очекува многу поголемо искушение на гостувањето во Македонија.
„Тие се добар тим,“ рече тој. „Мора да бидеме на највисоко ниво. Дали имам непроспиени ноќи поради тоа? Не. Има поважни работи. Ми се допаѓа предизвикот да подготвам тим за да оди некаде како во Македонија.
Би сакал да имам можност да подготвам тим за да гостува и во Бразил, разбирате?
Сакам да напредувам и сакам играчите да напредуваат. Не гледам на сè како да живеам со нож меѓу забите, ако разбирате што сакам да кажам. Тоа е предизвик кој треба да се прифати со возбудување. Македонија нуди многу за да може фудбалски да се возбудите“, изјави Крег Белами по триумфот на Велс против Казахстан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
