Шкендија одигра храбро во Бугарија и успеа да го одведе реваншот против Лудогорец во продолженија, но екстра-времето (1-4) ги згасна надежите на тетовци дека можат да стигнат до групната фаза на Лига Европа. Со елиминацијата, македонскиот првак ќе ја продолжи европската авантура во Конференциската лига на УЕФА.
По завршувањето на мечот, тренерот Јетон Беќири не ја криеше разочараноста, но истовремено истакна дека чувствува гордост за настапите на неговите избраници.
„Сакам да му честитам на Лудогорец за пласманот во Лига Европа. Ние бевме толку блиску, ама сепак далеку. Мора да бидам искрен, имавме лошо прво полувреме, но во вториот дел бевме подобри и пред крајот имавме перфектна шанса за гол, но не ја искористивме. Во моментов сум тажен за елиминацијата, но во исто време сум горд на играчите и на начинот на кој го претставивме македонскиот фудбал ова лето.“
Беќири посочи дека пласманот во групната фаза на Конференциската лига е историски успех, а Шкендија таму ќе се обиде да се претстави во најдобро светло.
„Никогаш не се откажавме на овие осум меча и верувам дека ќе постигнеме уште подобри резултати. Ова е голем чекор за нас и за рејтингот на македонскиот фудбал во Европа. Огромна благодарност и до нашите навивачи и јавноста во Македонија за поддршката.“
„Разликата е во буџетите“
Тренерот на тетовци потсети дека Шкендија доаѓа од многу поскромна средина, но и покрај тоа успеа да биде рамноправна со фаворитите.
„Разликата со ФЦСБ и Лудогорец е голема, посебно во буџетите, но во одредени моменти покажавме дека можеме да бидеме рамноправни. Ако пред почетокот на европските мечеви ни беше понудено место во групна фаза, ќе го прифатевме со двете раце. Тоа значи дека направивме голема работа.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













