Connect with us

Беќири: И Шкендија и Дрита посакуваат победа, се надевам дека ние ќе се радуваме

Македонскиот првак Шкендија утревечер го игра четвртиот натпревар од главната фаза во Конференциската лига на УЕФА, во Приштина против косовскиот тим Дрита. На денешната прес-конференција, тренерот Јетон Беќири зборуваше за своите очекувања од мечот.

„Се надевам дека ќе биде спектакл и на трибините и на теренот. Сигурен сум дека и тимот на Дрита и нашиот тим се подготвени да го дадат максимумот. Овој натпревар има големо значење. Се надеваме на позитивен резултат, а за нас тоа значи победа. Важно е да имаме фер натпревар, а нека победи тимот што ќе покаже повеќе на теренот, или најдобро ќе ги искористи своите шанси.

Сите играчи се подготвени и мотивирани, и сигурен сум дека тие што ќе излезат на терен ќе го дадат својот максимум“, изјави Беќири.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови