 
																												
														
														
													Македонскиот првак Шкендија го отвора европското лето со дуелот против словенечкиот шампион Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Репрезентативецот Егзон Бејтулаи немаше многу време за одмор по Европското првенство и се приклучи на тимот, а веројатно се уште го држи европската еуфорија. Вели дека тој и соиграчите посакуваат пласман во групите од Лигата на шампионите.
„Мура е квалитетен тим, шампион е на Словенија, но дефинитивно не се непобедливи. Ако Шкендија биде на потребното ниво, имаме реални, големи шанси за пласман понатаму. Моја желба е Шкендија да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите“, изјави капитенот на Шкендија.
Мечот меѓу Шкендија и Мура ќе се одигра утревечер (20 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														