Актуелниот првак Шкендија загуби од Академија Пандев во Струмица во последното првенствено коло и ќе бара рехабилитација на денешниот куп – натпревар против Ренова. Градските дуели секогаш носат дополнителна возбуда во Тетово, а капитенот Егзон Бејтулаи најавува добро издание на својот тим.
„Против Ренова ќе биде тежок натпревар со оглед дека се во многу позитивна серија на резултати. Но, ние исто така сме подготвени за овој предизвик. Во натпреварот влегуваме фокусирани, Шкендија е тим кој секогаш игра за да освојува титули. Треба да бидеме многу внимателни бидејќи една грешка може да не чини многу. Ќе го дадеме најдоброто од себе и верувам дека на крајот ќе оствариме победа“, вели капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.
На останатите натпревари од осминафиналето на Купот се среќаваат: Пелистер – Работнички, Струга ТЛ – Борец, А.Пандев – Македонија ЃП, Вардар – Скопје, Брегалница – Охрид, Беласица – Силекс, Шкупи – Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













