Connect with us

Баснословна понуда за Салах – 150 милиони евра по сезона и акции во саудиски клуб што сам ќе го избере

Ливерпул е во сериозна криза, а првата цел на медиумите е Мохамед Салах, кој одигра многу слабо на почетокот на сезоната. Сè повеќе се шпекулира дека египетскиот напаѓач ги брои последните месеци во дресот на англискиот шампион.

Во Англија сè почесто се слушаат гласини дека следното лето Салах ќе го напушти „Енфилд“, а најверојатна дестинација е Саудиска Арабија.

Денес се појавија и детали кои, доколку се точни, би ги поместиле сите граници во модерниот фудбал. Наводно, еден од водечките саудиски клубови му нуди на Салах астрономска плата од 150.000.000 евра годишно, како и можност да стане малцински сопственик на клубот. Всушност, Салах може да избере во кој клуб би сакал да игра.

Покрај тоа, тој би бил и амбасадор за туризам на земјата, а логично, и за Светското првенство што ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2030 година.

Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година од Рома за 40 милиони евра. Со „црвените“ освои сè што може да се освои — две титули во Премиер-лигата, Лигата на шампионите, а најважно е што го врати клубот на самиот врв на светскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови