Атлетико Мадрид и без Луис Суарез успеа да ја победи Барселона на „Ванда Метрополитано“. Тимот на Диего Симеоне славеше со 1-0, со голот на Јаник Караско во последните моменти од првото полувреме. Тој го искористи невниманието на Тер Штеген и ја затресе мрежата на каталонскиот тим.
Проблемите за Роналд Куман по овој меч се уште поголеми ако се знае дека остана и без Жерар Пике, кој заработи сериозна повреда на коленото и во болки го напушти мечот.
Атлетико Мадрид со овој триумф се израмни со Реал Сосиедад на врвот со по 20 бода, а има и еден натпревар помалку. Барселона е дури десетта со 11 освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













