
Новиот шампион Барселона славеше со 3-0 против Мајорка на „Камп Ноу“ во претпоследното коло од Ла Лига оваа сезона. Каталонскиот гигант стигна до триумф со двата гола на Ансу Фати и погодокот на Гави, а гостите од 14.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ндиаје.
Вториот клуб од Барселона, Еспањол, од следната лига ќе игра во Секунда, откако ремизираше 2-2 на гости против Валенсија и со 36 бода нема веќе шанси да обезбеди опстанок.
Атлетико Мадрид го совлада Реал Сосиедад со 2-1, со Антоан Гризман и на Нахуел Молина.
Раул де Томас и Палазон беа стрелци на головите за Рајо Валјекано во триумфот од 2-1 против Вилјареал.
Хетафе оствари важен триумф (2-1) против Осасуна во битката за опстанок исто како и Кадиз кој со 1-0 славеше против Селта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
