
Барселона по итна постапка објави ултиматум за фудбалерите откако самоиницијативно не се сложија за ново намалување на платите. Каталонскиот гигант се наоѓа во екстремно тешка финансиска ситуација, приходите се намалени за околу 300 милиони евра, а итно мора да се пополни дупка од околу 190 милиони евра, и тоа со намалување на годишниот буџет за сениорскиот погон.
Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс, јавно објави дека сите фудбалери, вклучувајќи го и Лионел Меси, мора да се согласат на намалување на платата.
„На 11 ноември, по неколкудневни состаноци и преговори, двете страни го завршија периодот на консултации без да се постигне договор. Раководството беше принудено да се одлучи на нови мерки за надминување на сериозните финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот, што доведе до намалување на приходите на клубот за повеќе од 300 милиони евра, што бара корекција на платите од 191 милиони евра.
Имајќи предвид дека за време на преговарачкиот процес страните покажаа искрена и цврста желба да ги разберат проблемите на клубот од страна на играчите, оставивме време до 23 ноември да разгледаме и да одлучиме дали предлозите дискутирани на маса може да бидат прифатени. Во спротивно, ние ќе преземеме одговорност за донесување на одлуката што е од суштинско значење за клубот“, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
