Connect with us

Барселона со многу среќа дојде до триумф во Билбао (ВИДЕО)

Барселона победи со 0-1 на гости против Атлетик Билбао и има девет бода предност пред „Ел Класико“ следниот викенд.


Победничкиот гол за Барса го постигна Рафиња во 45.минута од мечот, но херои беа Тер Штеген и дефанзивците кои во вториот дел спасија неколку неверојатни шанси на противникот.

Во 87.минута не беше признат гол на Ињаки Вилијамс. По прегледување на ВАР-снимката се покажа дека Икер Муниаин претходно играл со рака.

Во судиското продолжение, Кунде и Маркос Алонсо двапати спасуваа на гол-линијата.     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови