Connect with us

Барселона со „мини“ понуда ја тестира љубовта на Меси кон клубот

Лионел Меси откако ја напушти Барселона се зборува за негово можно враќање во Каталонија. Овие гласини се особено активни како што се приближува истекот на договорот на Аргентинецот со неговиот сегашен клуб, ПСЖ.


Во летото 2021 година, по 21 година поминати во Барселона, Лионел Меси си замина како слободен играч и стана член на ПСЖ.

Со овој тим ја освои Лига 1, Лига Купот на Франција и Суперкупот, но Лигата на шампионите е неостварен сон на ПСЖ и со Меси, откако тимот две сезони по ред е елиминиран во осминафиналето.

Договорот на Лионел Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, сѐ уште не се знае дали ќе биде продолжен, а Барселона има намера да го искористи сето тоа и да го врати во своите редови.
Враќањето на клупската легенда беше една од темите на разговор меѓу таткото на играчот Хорхе Меси и Жоан Лапорта. Претседателот на Барселона сака по секоја цена напаѓачот да се врати во клубот.

„Ми беше кажано дека Меси и Барселона разговараат за враќање во јуни. Не знам ништо повеќе за тоа, ниту дали тоа ќе биде можно“, изјави неодамна новинарот на „АС“, Хоакин Марото за радиото „Кадена СЕР“.

Според германски „Билд“, Каталонците веќе имаат разработен план за враќање на големата ѕвезда на клубот. Барселона наводно му понудила на Меси двегодишен договор со намера да ја тестира неговата љубов кон клубот.

Шпанските медиуми додаваат дека тој би земал „мини плата“, а на крајот на двегодишниот престој Меси би добил бонус, и тоа од 100 милиони евра.

Наводно, ПСЖ има најдобра позиција кога е во прашање неговиот потпис, особено што Аргентинецот не сака да замине надвор од Европа. Според француските медиуми, Меси ја претпочита понудата на ПСЖ, но поставува два јасни услови за продолжување на договорот. Нема да стави пенкало на хартија доколку не добие плата барем колку сегашната, вредна околу 40 милиони евра годишно.

Покрај тоа, Меси сака да има гаранција дека ќе биде неприкосновен стартер, без разлика кој ќе биде тренер. Аргентинецот сака да биде сигурен во ова бидејќи сака да биде во врвна форма за Копа Америка следната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови