Connect with us

Барселона преговара со Лајпциг за трансферот на Дани Олмо

Каталонскиот гигант Барселона разговарал со претставниците на Дани Олмо околу враќањето на играчот од средниот ред на „Камп Ноу“ на лето, пренесува „Мундо Депортиво“. Играчот има договор со Лајпциг до летото 2027 година, а во моментот е еден од главните конкуренти на Елиф Елмас во германскиот тим.

Според информациите на „Мундо Депортиво“, на состанокот присуствувале спортскиот директор на Каталонците, Деко, агентите на играчот Хуанма Лопез и Енди Бара, како и неговиот татко.

Олмо има откупна клаузула во договорот со Лајцпиг, но таа изнесува околу 60 милиони евра. Високата цена е проблем за Каталонците, кои ќе преговараат со Лајпциг за евентуален трансфер за помала сума и одложено плаќање.

Олмо (25) е производ на академијата Ла Масија, но ја напушти Барселона како тинејџер во 2014 година. Тој долго време играше за Динамо Загреб пред да му се приклучи на Лајпциг во 2020 година и да стане клучен играч за тимот.

Олмо има 145 натпревари, 29 гола и 34 асистенции за Лајпциг, како и 124 натпревари, 34 гола и 28 асистенции за Динамо Загреб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови