Каталонскиот гигант Барселона, откако го обезбеди потписот на голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, се активира и околу можен трансфер на ѕвездата на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, јавува „Спорт“.
Според каталонскиот весник, спортскиот директор Деко имал средба со агентот на играчот, Феликс Таинта, во хотел во Барселона. Како што е познато, минатото лето левото крило беше на чекор од трансфер во клубот, но на крајот реши да остане на „Сан Мамеш“.
Иако неодамна претседателот Жоан Лапорта ја отфрли можноста Барса повторно да се обиде да го ангажира шпанскиот репрезентативец, потрагата по засилување на таа позиција и неуспешниот обид за доведување на Луис Дијаз од Ливерпул доведе до обновени преговори со неговото опкружување.
Овој пат, челниците на Барселона, кои исто така го следат и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, ќе имаат сериозна конкуренција за потписот на Вилијамс. Не само што Атлетик Билбао се надева да го продолжи договорот со 22-годишниот играч, туку и Баерн Минхен и Арсенал се подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува 62 милиони евра.
Според информациите, фудбалерот преферира да остане во Ла Лига, а исто така е пријател со неколку фудбалери на Барселона преку репрезентацијата. Така, најголемиот проблем за каталонците е да гарантираат дека нема да има пречки при неговото регистрирање во лигата – истата ситуација која го спречи трансферот минатото лето. Поради тоа, на средбата, Деко го уверил Таинта дека овој пат таква пречка нема да се појави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













