
Каталонскиот гигант Барселона не сака да остане без еден од своите капитени.
Според сигурни извори од Германија, Баерн Минхен понудил 70 милиони евра за Роналд Араухо, но Каталонците веднаш кажале дека Уругваецот е недопирлив.
Томас Тухел лично му се јавил на Араухо за да му да го претстави проектот на Баерн со него во срцето на одбраната, но Уругваецот му рекол дека мисли само на Барселона.
Се очекува Баерн Минхен да започне нова иницијатива за Араухо ова лето, но иако Барса сака да продаде еден од дефанзивците, најверојатно тоа ќе биде Андреас Кристенсен кој ја загуби стартната позиција, а Чави се повеќе му верува на Ињиго Мартинез. .
Баерн зимава ќе мора да се насочи кон друг играч, во клубот најверојатно ќе пристигне Ерик Даер од Тотенхем, но јасно е дека се работи за играч на ротација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
