
Барселона ќе претстави дури четири нови играчи во текот на претстојната недела, додека петтиот е блиску до конечен договор.
Први ќе бидат Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, откако со Манчестер Сити претрпеа пораз во финалето на Лигата на шампионите. Агуеро треба да биде официјално претставен во текот на денешниот ден. Агуеро ќе потпише договор до 2023 година.
Ерик Гарсија ќе пристигне на медицински прегледи, а се очекува да биде претставен на прес-конференција во вторник. Гарсија е повратник, дете на „Ла Масија“ и ќе потпише договор до 2026 година.
Исто така, се очекува медицинскиот тим на Барса да отпатува во таборот на холандската репрезентација најдоцна до среда, каде ќе изврши прегледи со Џорџинио Вајналдум. Холанѓанецот сега нема да пристигне во Барселона, селекторот Франк де Бур инсистира да остане фокусиран на подготовките за Европското првенство, неговиот трансфер ќе биде официјализиран, со договор до 2024 година, а тој ќе биде официјално претставен по завршувањето на Европското првенство.
Следува Емерсон, чија половина од договорот на Барса ќе биде откупен од Бетис за 9 милиони евра, и така Бразилецот ќе биде целосно во сопственост на каталонскиот клуб. Емерсон треба да биде официјализиран до четврток.
Ниту тоа не е крај, Барса треба да го финализира трансферот на Мемфис Депај во текот на неделата. Сепак, сè уште не е постигнат конечен договор со него, но сигурно е дека сè ќе биде познато и решено во наредните денови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
