Раководството на Барселона следната недела ќе тргне во офанзива за да го финализира трансферот на голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Според каталонскиот „Спорт“, Барселона ќе достави конечна понуда од околу 40 милиони евра.
Пред неколку дена германските медиуми објавија дека Баерн Минхен глатко ја одбил втората понуда од Барселона за која се тврдеше дека била во вредност од 35 милиони евра, плус уште 5 милиони во форма на бонуси. Најверојатно фиксната сума сега ќе се зголеми на споменатите 40 милиони евра.
Барселона, сепак, нема намера да ги исполни во целост барањата на германскиот шампион, кој сака 50 милиони евра за Полјакот. На „Камп Ноу“ сметаат дека сумата што ќе ја понудат е праведна и се надеваат дека сепак ќе успеат да го реализираат трансферот до крајот на идната недела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













