Ако се реализираат најавите од Шпанија, Марсело Брозовиќ би можел да се врати во Европа и да го облече дресот на Барселона, која многу го посакуваше минатото лето, но преговорите со Интер пропаднаа.
Каталонците не сакаа да им ја платат соодветната сума на „нероаѕурите“, па новиот шампион на Италија го продаде 31-годишниот играч на Ал-Наср за 18 милиони евра.
Сега Барселона е решена повторно да тргне по Брозовиќ и овојпат се надева на успешно завршување на преговорите со цел освежување на средниот ред.
Барселона сака што побрзо да се врати на патеките на старата слава и подготвува нова револуција во тимот на лето, па идејата за ангажирање на Брозовиќ стана сериозна опција.
Додека играше за Интер Брозовиќ беше еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот, има 31 година и дефинитивно не е за „старо железо“.
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, сака промени во линијата за врска. Покрај Брозовиќ, во комбинациите е и Гвидо Родригез од Бетис, а веќе подолго време се споменува и Џошуа Кимих.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













