Connect with us

Барселона го растури Реал Мадрид во првото „Ел Класико“ на турнејата во САД (ВИДЕО)

Барселона го совлада големиот ривал Реал Мадрид со 3-0 во првото „Ел Класико“ кое се одигра во Далас, како дел од американската турнеја на двата шпански гиганти. Резултатот го отвори Осман Дембеле во 15. минута по додавањето на Педри.


Неколку моменти подоцна, Винисиус Јуниор промаши пенал, откако ја погоди гредата. Дури петпати „кралевите“ ја погодија гредата, а Барселона тоа го искористи за убедлив триумф.


Во финишот од мечот погодија младите Фермин Лопез и Феран Торес кои ја направија победата на Барса повеќе од убедлива.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови